Ќе ве насмее – Фудбалер сакаше да ја запроси девојката, неинформиран стјуард ја избрка (Видео)

Трагикомична ситуација се случи кога еден фудбалер се обиде пред меч да ја запроси својата девојка, а подготовката во која беа вклучени и неговите соиграчи за малку ќе пропаднеше.

Еден од луѓето од обезбедувањето немаше поим што се подготвува и кога девојката пријде да каже „ДА“, буквално ја избрка.

Ја турна кон атлетската патека, па нервозно реагираше фудбалерот и неговите соиграчи кон стјуардот кој се вмеша каде што не треба.

За среќа, ситуацијата не ескалира, а чинот на запросување потоа мина во најдобар ред.

- Оглас -

Најнови вести