КОМЕДИЈА: Се местеа за селфи-прослава, па примија гол од пенал (Видео)

Смешна ситуација од мароканското првенство е хит во фудбалски рамки. Не се работи за некој еврогол или потег за восхит, туку за бизарен начин како да му дозволиш на противникот брзо да израмни.

Во мечот од 22-рото коло на шампионатот во Мароко меѓу Јусуфа Баричид и Мулудиа Ужда, домаќините поведоа со гол во 31-вата минута и решија да прослават на необичен начин. Поголем дел од играчите се собраа покрај клупата за резервни фудбалери, а дел од играчите со мобилен телефон правеа селфи-фотографии.

Судијата немаше многу толеранција за ваквиот вид прослава, па додека домаќините се фотографираа, арбитерот реши да даде знак мечот да продолжи. Селфи-екипата веднаш ги фрли мобилните телефони и се обиде да стигне во одбрана, но единствено што успеа да направи е пенал за гостите. Само една минута по водството, селфи-екипата не беше толку среќна бидејќи прими гол за 1-1, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

https://youtu.be/UV6sEHsrl9Q

 

- Оглас -

Најнови вести