И комедија и одбрана на сезоната во НБА – Да заметам па ќе се тргнам, Оклахома се бранеше со 7 души против Волците (Видео)

Најсмешната ситуација сезонава во НБА лигата се случи ноќеска на мечот меѓу Оклахома сити тандерс и Минесота тимбервулс, а домаќините во едне момент се бранеа со 7 играчи.

Брзиот контранапад на Волците во финишот на третата четвртина го спречија двајца момци задолжени за чистење на паркетот.

Џордан Меклафлин беше сам на поливината на Оклахома и лесно ќе постигнеше поени, но се судри со еден од двајцата неочекувани гости и во тој момент единствени дефанзивци на домашниот тим, па не погоди.

Судиите за чудо не досудија техничка грешка, што е според правилата во таква ситуација и играта продолжи.

За среќа на Минесота комедијата на теренот не влијаеше на резултатот и на нивната убедлива победа од 138:101.

- Оглас -

Најнови вести