Коментаторската клетва го стигна и Стеф Кари (Видео)

Ѕвездата на Голден стејт вориорс, Стеф Кари, на натпреварот против Феникс санс се соочи со познатата „коментаторска клетва“.

Кари додека се подготвуваше да изведе слободно фрлање, коментаторот Кевин Харлан, кој беше покрај теренот, рече дека бекот на Голден сејт сезонава нема промашување од линијата за слободни фрлања, дека ги погодил сите 22 слободни фрлања.

Во тие моменти, Кари го изведе слободното фрлање и потоа се сврте кон коментаторите гестикулирајќи дека слушнал што кажал Харлан неколку секунди порано.

 

- Оглас -

Најнови вести