Комерцбанк беше празна, Борусија се враќа во Менхенгладбах со депозит од три бода

Борусија Менхенгладбах со два гола во стартните 7 минути најави дека допатува во Франкфурт по цел плен и го освои на празната „Комерцбанк“ арена со триумф против Ајнтрахт од 3:1.

Гостите поведоа експерсно со голот на Алесане Плеа во 37. секунда и тоа е еден од најбрзите погодоци сезонава во Бундеслигата.

Домаќините не успеаја да се опорават од шокот, па Турам во седмата минута пак ги нокаутира и најави сигурна победа на Борусија.

Гостите од Менхенгладбах немаа победа во Франкфурт од 2015 година, но денеска лесно ги освоија бодовите. Бенсебаини погоди за 3:0 во 72. минута и приказната во првиот меч за двете екипи по пауза од два месеци заврши со хепиенд за третопласираната екипа во Германија.

Андре Силва го постигна почесниот гол за Ајнтрахт, екипа која сега има четири порази по ред.

- Оглас -

Најнови вести