Комесарот на МЛС-лигата ја издаде тајната: Ибра ќе потпише за Милан!

Златан Ибрахимовиќ се враќа во Милан. Барем така тврди комесарот на МЛС-лигата, Дон Гарбер, кој „бомбата“ ја фрли во интервју за ЕСПН.

Шведскиот голгетер 18 месеци играше за Лос Анџелес галакси во МЛС-лигата, даде 52 гола на 56 меча, а откако договорот ќе му истече во декември, тој како слободен ќе се врати во Европа.

„Златан е 38-годишно момче и сега е ангажиран од Милан, кој е еден од топ клубовите на светот. Златан во МЛС даде многу голови, интересен карактер е, уживав во неговото присуство во Лигата. Тој кога зборува за себе, зборува во трето лице“, рече Гарбер.

Во последните денови се спомнуваше дека Ибра е блиску до трансфер во Болоња, но изгледа сепак повеќе сака да се врати кај „росонерите“, со кои има недовршена работа.

- Оглас -

Најнови вести