Комесарот на НБА најави дека може да се продолжи директно со плеј-оф

Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер имаше конференциски состанок со претставниците на здружението на НБА играчите (НБПА), на кој се разговараше за опциите како и кога би можела да се продолжи сезоната во најсилната кошаркарска лига во светот. Како претседател на НБПА, присуствувал Крис Пол, извршниот директор Мичел Робертс како и уште неколку активни НБА играчи.

Според пишувањата во американските медиуми, комесарот Силвер потенцирал дека има „само лоши опции“ за тоа како би можела да продолжи сезоната. Најавено е дека може да се чека дури до јуни за да се донесе конечната одлука, а Силвер потврдил дека и да има мечеви, на трибините нема да има навивачи, односно ќе се игра без присуство на публика.

Опцијата да се игра без публика ќе биде голем финансиски удар за клубовите, затоа што дури 40 отсто од приходите ги имаат токму од билетите на навивачите. Постои веројатност да се прекине регуларниот дел од натпреварувањето и веднаш да се започне со плејофот. Тоа ќе значи дека актиелната ситуација на табелата, односно најдобрите осум екипи на Истокот и Западот ќе продолжат во трка за титулата, а останатите клубови ја губат шансата да се изборат за доигрувањето.

Се најавува дека два града може да бидат домаќини на плејофот. Во едниот би се играле средбите од Источната конфедернција, а другиот град би бил домаќин на клубовите од Западот. Плејоф борбите не би се менувале и за да се оди во следната фаза ќе мора да се стигне до четири победи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести