Комични потези со троен зијан – Голманот не знае каде е топката, најсигурно е да направи пенал (Видео)

Голманот на австралиски Вондерерс Даниел Маргуш правеше чудни потези во финишот на мечот и од целата ситуација излезе со троен зијан. Беше исклучен, против неговата екипа беше досуден пенал и наместо победа и три бода, тимот освои само еден бод со реми 1:1.

Целата ситуација беше комична и се случи во самиот финиш на мечот меѓу Вондерерс и Бризбејн.

Маргуш никако не успеваше да ја смири топката, иако близу до него немаше никој, па се сплетка и се обиде да дрибла кога резервата на Бризбејн, Алекс Парсонс забележа дека голманот е несигурен.

Играчот на гостите ја искористи ситуацијата му ја одзеде топката на Маргуш и потоа голманот на Вондерес направи фаул за пенал и доби црвен картон.

Бризбејн израмни на 1:1 со прецизниот удар на Џеј О`Ши од белата точка и освои еден бод исклучиво по вина на трагичарот на мечот, голманот на Вондерерс.

 

 

- Оглас -

Најнови вести