Комитите испратија порака дека Вардар се сака и кога губи (Видео)

Навивачите на РК Вардар покажаа кој е европски првак, и дека и покрај тешкиот пораз од Кил, за нив Вардар е светост, и ќе го бодрат до крај, без разлика што некогаш доаѓаат и тешки денови и порази како овој вечерва во „Јане Сандански“.

Ракометарите имаа лош ден, но навивачите беа за десетка и на потребното ниво, навиваа и кога екипата играше слабо. По завршувањето на натпреварот, Вардар не беше испратен со свирежи, туку со аплаузи и песна, сите на трибините знаат дека и поразите се составен дел од спортот, и брзо ќе му го простат на Вардар овој резултат.

„Црвено-црните“ со ваква поддршка не треба да се грижат, и се надеваме дека на наредните мечеви ќе им се оддолжат на фановите со некоја голема победа.

- Оглас -

Најнови вести