Комитска порака осамна на тренинг центарот на Воска (Фото)

Утре во Охрид на стадионот на Билјанини извори ќе се игра дербито на сезоната во Втората фудбалска лига меѓу двете првопласирани екипи, Воска и Вардар, а навивачите на Црвено-црните, веќе стапија во акција.

Комитите поставија транспарент на оградата на тренинг центарот на Воска со кој најавија инвазија на Охрид, иако натпреварот ќе се игра пред празни трибини.
„Напред Вардар. Сите во Охрид“, е пораката на транспарентот кој Комитите го поставија на оградата на тренинг центарот на ривалот.

Иако е одлучено натпреварот да се игра без присуство на навивачи, Комитите ќе патуваат за Охрид за да им дадат поддршка на своите фудбалери на мечот кој може да биде одлучувачки за пласман во Првата фудбалска лига.

„Ќе ја осетат во недела вошките охридски силата на четите комитски!
Од тренинг центарот на ФК Воска, пораката е јасна: ИНВАЗИЈАТА МОЖЕ ДА ПОЧНЕ!
ЗА КЛУБОТ – ЗА ГРУПАТА!“ ,објавија Комити на својата страна на Фејсбук.

- Оглас -

Најнови вести