Искрени насмевки и одлична атмосфера: Познати се победниците од „Денот на спортот“ во Струмица

Струмица дишеше во ритамот на младоста, спортот и искрените детски насмевки. Градот уште еднаш покажа дека кога се спојуваат енергијата, желбата за натпреварување и другарството, се создава атмосфера која долго се памети.

Во рамките на Плазма Спортските игри за млади, „Денот на спортот“ во Струмица донесе вистински празник на терените. Над 700 деца исполнети со ентузијазам и спортски дух се натпреваруваа, покажаа дека победата е важна, но уште поважно е учеството, фер-плејот и новите пријателства.

Плазма Спортските игри за млади се најголемиот аматерски спортски настан за деца и млади во Европа, кој моментално се одржува во пет земји во регионот – Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и, за првпат, во Македонија. Целта е промовирање здрав начин на живот, пријателство и заедништво, а најважно е што учеството е целосно бесплатно за сите деца.

По квалификациските натпревари следуваат регионални и национални првенства, додека најдобрите тимови и поединци ќе се натпреваруваат на големото меѓународно финале во Сплит (17-22 август), каде ќе ја претставуваат својата земја и ќе се дружат со врсници од регионот.

ИГРИТЕ ЗА ЗАКОН

Повеќе информации за Плазма Спортските игри за млади можете да прочитате на: https://sportskiigrizamladi.com/

Во продолжение, ова се победниците кои обезбедија пласман понатаму:

ПЛАЗМА СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ – СТРУМИЦА

РЕЗУЛТАТИ

Coca Cola Cup 2011

Машки

1.Беласица( Струмица)

Женски

1.Амазонки (Радовиш)

Фудбал 2015

1.Јуниори (Струмица)

Одбојка

Машки

1.Струмица (Струмица )

Женски

1.Суфиларки (Струмица)

Народна 2015

1.Цареви Кули (Струмица)

Народна 2017

1.Лавови ( Струмица)

Атлетика 2015 машки

1.Васил Пиливанов (Струмица)

2.Томи Стојков (Струмица)

Атлетика 2015 женски

1.Викторија Стоева (Струмица)

2.Наталија Манолева (Струмица)

Атлетика 2017 машки

1.Никола Милушев (Струмица)

2.Михаил Коцев (Струмица)

Атлетика 2017 женски

1.Марта ПопДимитрова (Струмица)

2.Атина Стојанова (Струмица)

 

- Оглас -

Најнови вести