„Компири“ на првите два меча во Серија А

Првите два денешни натпревари од 25-то коло во Серија А, завршија без голови.

Прво од 12:30 часот, Специја и Верона ги разочараа навивачите играјќи без голови, а и статистиката без поразителна, само седум шутеви завршија во рамките на двајцата голмани, Бартоломеј Драговски и Симоне Перили.

„Компир“ имаше и на вториот денешен дуел во кој играа Сампдорија и Салернитана. Со освоениот бод, Сампдорија се израмни со претпоследниот Кремонезе, сега и двата тима имаат по 12 бода, но и понатаму се главни фаворити за испаѓање од Серија А. Салернитана пак е 16-та со 25 бода, четири седум повеќе од опасната зона.

- Оглас -

Најнови вести