Компјутер ги предвиде резултатите на сите мечеви до крајот од Лигата на шампионите

За помалку од една недела започнуваат возбудувањата во четвртфиналната фаза од Лигата на шампиони. На ждрепката во Нион беа одредени паровите за оваа етапа, а потоа се знае и кој би можел да биде противникот во евентуалното полуфинале.

Уште во четвртфиналето ќе има неколку интересни и сигурно многу неизвесни дуели. Англиската пресметка меѓу Тотенхем и Манчестер сити ветува дека еден тим меѓу најдобрите четири сигурно е од Островот. Некогашните европски прваци Барселона и Манчестер јунајтед ќе играат меѓусебе, а тоа ќе биде и враќање на тренерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер на стадионот на којшто точно пред 20 години го постигна шампионскиот гол за Манчестер јунајтед во финалето од ЛШ.

Ливерпул ја има фаворитската улога против Порто, како и Јувентус во дуелот со Ајакс. Сепак, Ајакс покажа дека е непредвидлив откако успеа во осминафиналето да го елиминира Реал Мадрид, па секако и сега ќе биде многу интересно.

Иако никој не може со сигурност да каже кој тим ќе оди во полуфиналето, еден супер компјутер пресмета не само кој би бил во полуфиналето, туку и резултатите од сите натпревари сè до финалето. Според тие компјутерски пресметки, еве како треба да се одвиваат мечевите:

ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Ајакс – Јувентус: прв меч 1-1; втор меч 2-0 – Јувентус оди понатаму со вкупни 3-1

Ливерпул – Порто: прв меч 3-0; втор меч 1-2 – Ливерпул оди понатаму со вкупни 5-1

Тотенхем – Манчестер сити: прв меч 1-1; втор меч 3-1 – Манчестер сити оди понатаму со вкупни 4-2

Барселона – Манчестер јунајтед: прв меч 2-1, втор меч 1-2 – Барселона оди понатаму со вкупни 4-2

ПОЛУФИНАЛЕ

Манчестер сити – Јувентус – прв меч 1-1, втор меч 2-1  – Јувентус оди понатаму со вкупни 3-2

Барселона – Ливерпул – прв меч 2-1; втор меч 2-2 – Барселона оди понатаму со вкупни 4-3.

ФИНАЛЕ

Јувентус – Барселона 2-1

Ако може да му се верува на компјутерот, во финалето ќе има битка меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а Португалецот на крајот ќе се радува.

- Оглас -

Најнови вести