Компјутерот пресмета: Барселона е фаворит за титулата, ама во Лига Европа!

Барселона толку лошо ја стартуваше својата сезона во Лигата на шампионите, губеше со по 0-3 на мечеви на кои не ни шутна во рамки на гол, што статистички гледано, шансите за пласман во осминафиналето на Каталонците не им се баш добри. Само 8 проценти од екипите кои не освоиле бод во првите две кола, отишле во нокаут фазата.

Според аналитиката на базата на податоци кои ги има компанијата FiveThirtyEight, Барселона со 55 отсто сигурност ќе испадне од групната фаза во ЛШ, и ќе продолжи во Лига Европа. Е, таму, Каталонците се први фаворити за трофејот, пред Наполи и Реал Сосиедад.

За Лигата на шампионите, аналитиката покажува дека најголеми шанси за титула има Манчестер сити, па Баерн Минхен, а изненадувачки, трети е Ајакс, а дури потоа се наредени Ливерпул, Челзи, Реал Мадрид, ПСЖ.

Има уште една нелогичност. Барселона има поголеми шанси да стане европски првак отколку Јувентус, а Јуве има 6 бода после две кола, и не му се предвидува преселба во ЛЕ.

- Оглас -

Најнови вести