Коњаспор го шокираше Башакшехир благодарение на македонски младинец

Башакшехир го загуби чекорот со лидерот Сивасспор и сега има шест бода помалку откако киксираше на свој терен во дуелот со нископласираниот Коњаспор и одигра само 1-1. Башакшехир игра и во Лигата на Европа, втор е во турската лига, водеше со 1-0, но не победи.

Кај гостите од Коња, во 61-вата минута на терен влезе македонскиот младински репрезентативец (до 21 година) Ердон Даци, а само две минути подоцна, Даци со прекрасен центаршут со левата нога го пронајде Дени Милошевиќ, кој со глава ја упати топката во голот на богатиот истанбулски клуб. Овие 1-1 се покажаа како конечен резултат.

Даци пред две години беше член на Вардар, а сезонава има дадено и еден гол во победата на Македонија над Фарски Острови од 7-1.

- Оглас -

Најнови вести