Конечна одлука: Јувентус и Интер в недела ќе играат за Скудетото !

Хаосот околу одложувањето на мечевите во италијанската Серија А најверојатно конечно ќе заврши. Според последните одлуки, мечевите од најсилната италијанска лига ќе се играат оваа недела. На програмата ќе бидат пет средби, кои беа одложени од претходно.

В сабота нема да има ниту еден меч, а неделната понуда ќе започне со дуелот на „Енио Тардини“ меѓу Парма и СПАЛ во 12:30 часот. За во 15 часот се закажани средбите Милан – Џенова и Сампдорија – Верона, додека во 18 часот ќе играат Удинезе – Фиорентина.

Големото Дерби на Италија помеѓу Јувентус и Интер ќе се игра в недела, со почеткот од 20:30 часот во Торино. Италијанската влада одлучи сите спортски настани до 3 април да се играат без публика, што значи дека возбудувањата во Серија А ќе продолжат пред празни трибини.

Во понеделник ќе се игра мечот меѓу Сасуоло и Бреша, а познати се термините и за други одложени средби. На 18 март ќе играат Аталанта – Сасуоло, Верона – Калјари и Торино – Парма.

- Оглас -

Најнови вести