Конечниот ростер на САД: Кузма отпишан во последен момент

Грег Попович ги одбра 12-та кошаркари кои ќе го бранат златото на претстојниот Мундобаскет кој ќе се одржи во Кина. Од конечниот ростер на САД отпадна Кајл Кузма во последен момент. Кошаркарот на Лејкерс се здоби со повреда на скочниот зглоб од левата нога, за што ќе му бидат потребни неколку недели за да закрепне.

Меѓу избраниците на Попович се најде олимпискиот првак од 2016 година, Харисон Барнс, а му се придружија Џејлен Браун, Џо Херис, Брук Лопес, Крис Мидлтон, Донован Мичел, Мејсон Пламли, Маркус Смарт, Џејсон Тејтум, Мајлс Тарнер, Кемба Вокер и Дерик Вајт.

Асистенти на тренерот на Сан Антонио ќе му бидат, Стив Кер, предводникот на Голден стејт, тренерот на Атланта Лојд Пирс и Џеј Рајт, тренерот на универзитетскиот тим на Виланова.

САД до 28 август ќе се задржи во Австралија каде што ќе продолжи со подготовките, а за утре е закажана контролка против селекцијата на Канада.

- Оглас -

Најнови вести