Конечно, добри вести за Јувентус: Погба и Киеза ќе се вратат на терените следниот месец

Екипата на Јувентус се наоѓа во резултатска криза, а барањата на навивачите да се смени тренерот Масимилијано Алегри, барем засега не се исполнуваат од управата.

Покрај слабите игри, тука се о повредите на фудбалерите, а конечно, „старата дама“ дочека добри вести.

Пол Погба кој летово дојде како слободен агент откако му истече договорот со Манчестер јунајтед, ќе се врати на терените од следниот месец. А истото тоа важи и за Федерико Киеза, кој пак ги скина лигаментите на коленото, и полека се опоравува.

Јасно е дека тие ќе добиваат по мала минутажа на почетокот а навивачите со нетрпение го очекуваат нивното враќање бидејќи нивниот тим има само две победи во досегашниот тек од Серија А лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести