Конечно добри вести за Зидан и Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан конечно доби добри вести кога се работи за составот со кој располага. Четворица фудбалери кои подолго време беа надвор од тимот, денеска се вратија во клупскиот тренажен процес. Марсело, Федерико Валверде, Алваро Одриосола и Родриго го одработија денешниот тренинг, па ако и утре ги издржат сите напори на тренингот, сигурно ќе бидат во конкуренција за настап на дуелот против Реал Сосиедад в понеделник.

Марсело имаше повреда на мускулот на левата нога и не игра од 9 февруари. Валверде е во аут од 22 јануари, додека Одриосола се повреди на мечот против Уеска. Родриго повеќе од два месеци е во аут и нема играно во 2021 година.

Во скоро време се очекува враќање и на Азар, Бензема и Милитао кои имаат индивидуални тренинзи и во скоро време се очекува да се приклучат на екипата, а целта е тие да бидат подготвени за градското дерби против Атлетико Мадрид кое се игра на 7 март.

- Оглас -

Најнови вести