Конечно фудбал од ЛШ во Атина, се радуваше Панатинаикос

Екипата на Панатинаикос минимално со 1:0 го победи Олимпик Марсеј во првиот меч од третото квалификациско коло за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

Дури во 83-тата минута беше скршен отпорот на гостите од Франција, кога Бернард погоди за 1:0. Олимпик од 65-тата минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Кондогбија.

Домашниот терен го искористи и Ренџерс, кој пред своите навивачи со 2:1 славеше над Сервет. На овој дуел сите три погодоци беа постигнати во првото полувреме. Фуриозен беше стартот на Ренџерс, кој поведе со 2:0 само по 15 минути игра, но Сервет се врати и пред крајот на првиот дел од пенал намали на 2:1, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Еинствен гостин кој вечерва се радуваше во ЛШ квалификациите е Макаби Хаифа по триумфот од 2:1 во Братислава против Слован. И на овој дуел сите три погодока беа постигнати во првото полувреме.

Вечерва се одиграа и два меча од квалификациите во Конференциската лига: АЕК Ларнака – Макаби Тел Авив 1:1, Гент – Погон 5:0.

- Оглас -

Најнови вести