Штета, паднавме во финишот на првото полувреме – Македонија има 4 гола негатива против Словенија

Македонија одигра одлични 20 минути против Словенија во првиот меч од втората фаза на Мундијалот во Египет, но падот во играта во третата делница од првиот дел не чинеше скапо и заостануваме за 4 гола, 9:13 по првите 30 минути.

Македонија постојано водеше до средината на првото полувреме, најмногу благодарение на цврстата одбрана и на расположениот голман Никола Митрески, кој имаше вкупно 7 одбрани во првото полувреме.

Конечно се разбуди и Филип Талески постигна три гола, први на Мундијалот во Египет, но застанавме во последните 10-тина минути и од 9:9, Словенците направија серија од 4:0 за голема предност од 13:9 по првиот дел.

Ова е првиот меч за двете репрезентации во втората фаза по групи на Светското првенство во Египет, а Македонија ќе игра уште и со Русија и Белорусија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести