Конечно некој да е на страната на Мурињо

По вчерашниот отказ кој го доби Жозе Мурињо од Манчестер јунајтед, најголемиот дел од реакциите беа дека Португалецот заслужено си заминува од најтрофејниот англиски клуб. Манчестер јунајтед сезонава игра слабо и веќе заостанува 19 бода зад лидерот Ливерпул во Премиер лигата.

И покрај отказот, на сметката на Мурињо ќе „легнат“ повеќе милиони евра, како оштета за предвремено раскинување на договорот. Затоа речиси никој не реагираше на отказот на Мурињо, сè до синоќа. Изненадувачки е тоа дека прв кој јавно застана на страната на Мурињо е Пеп Гвардиола. Тој е тренер на Манчестер сити, кој во последниве неколку сезони е голем ривал на Мурињо.

„Јас сум на страната на Мурињо. Ние менаџерите секогаш сме сами. Тој е силен човек и очекувам наскоро да се врати“, рече Гвардиола по синоќешниот успешен настап на Сити во Купот и елиминацијата на Лестер на гостински терен.

- Оглас -

Најнови вести