Конечно позитивна вест за состојбата на Михаел Шумахер?

Поранешниот Формула 1 возач Џони Херберт објави убава вест за здравствената состојба на седумкратниот формула 1 шампион, Михаел Шумахер, кој пред десет години заработи тешка повреда на главата по пад додека скијал.

Семејството на Германецот инсистира на приватност и не објавува никакви информации околу здравствената состојба на Михаел, а сега Херберт конечно кажа нешто што сакаат да го слушнат фановите.

„Јас добивам информации од втора рака. Слушам од тие од Ф1 дека Михаел седи на маса за време на вечерите, но не знам дали е вистина. Можам само да читам меѓу редови. Не сме слушнале многу од семејството и тоа е сосема разбирливо“, изјави Херберт.

За здравјето на Михаел се грижат неговата сопруга Корина и внимателно одбран медицински тим кој има потпишано договор да не открива ништо за здравствената состојба на седумкратниот формула 1 шампион.

Но, за разлика од тоа што се зборува во Ф1 круговите, Херберт лично смета дека состојбата со Михаел не е многу променета и дека семејството „чека помош“ од науката.

„Моето мислење за жал е дека Михаел веројатно се наоѓа во слична ситуација во која бил веднаш по несреќата. Мислам дека работите не се мрднале од почетната точка и претпоставувам дека семејството чека науката да открие нешто што ќе успее да го врати Михаел таков каков што сите го знаевме“, додава Херберт кој во 1994 и 1995 година возеше заедно со Шумахер во тимот на Бенетон.

- Оглас -

Најнови вести