Конечно познати сите двојки за плејофот во НБА лигата

Екипите на Атланта и Њу Орлеанс се последните кои обезбедија учество во плејофот во НБА лигата. во последните два бараж меча за пласман во плејофот, Атланта го победи Кливленд со 107:101 и се избори за осмото место на Истокот.

Тре Јанг со 38 поени и девет асистенции беше предводник на Јастребите, додека Богдан Богдановиќ додаде 38 поени. Атланта во првото коло од плејофот ќе игра против Мајами.

Во борбата за осмото место на Западот беше возбудливо, а на крајот Њу Орлеанс со 105:101 го победи Лос Анџелес клиперс и си обезбеди дуел против Феникс санс во првото коло од плејофот.

Брендон Инграм со 30 поени и по шест скока и асистенции беше најдобар кај победничката екипа.

По овие два меча веќе се познати сите двојки од првото коло во НБА плејофот.

- Оглас -

Најнови вести