Конечно Роналдо се огласи и испрати моќна порака

Најголемата ѕвезда на репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо, конечно се огласи откако изминатите два дена беше во центарот на јавноста поради неговите постапки за време на осминафиналната пресметка против Швајцарија.

„Ние сме толку силна група што надворешни сили не можат да ја скршат. Ние сме храбра нација која не се плаши од ниту еден непријател. Ние сме тим во најдобар смисол на зборов кој е подготвен да се бори до самиот крај за остварување на соништата“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.

Изминатите два дена главна вест беше однесувањето на Роналдо, односно наводните закани дека ќе ја напушти репрезентацијата бидејќи не беше стартер против Швајцарија, да не радува на головите, како и неговиот потег веднаш по завршување на натпреварот да замине во соблекувалната иако сите фудбалери останаа да го слават пласманот во четврфиналето со навивачите.

Португалија во четвртфиналето, в сабота, ќе игра против Мароко.

- Оглас -

Најнови вести