Чудо се случи во Холандија, судија си призна дека не досудил чист пенал (Видео)

Холанѓанецот Алард Линдхаут е еден од ретките судии што по одигран меч веднаш си призна дека погрешил, а утна да досуди пенал за Витесе на мечот од холандското првенство против Утрехт.

Мечот заврши нерешено 1:1, а Линдхаут е директен виновник што гостите не победија.

Спорната ситуација се случи во самиот финиш на мечот, во 85-тата минута. Судијата не досуди пенал, па потоа со помош на ВАР-системот го прегледа спорниот момент и остана на првичната одлука да нема удар од белата точка.

„Очигледно е дека погрешив и дека имаше чист пенал за Витесе“, си призна Линдхаут веднаш по мечот.

Referee Allard Lindhout explains how he made a mistake by not giving Vitesse a penalty. (English subs) from soccer

Потегот на холандскиот судија и признанието дека го оштети Витесе е реткост во светот на фудбалот, а што е уште полошо, потфрлија и судиите во ВАР-собата, кои не му сугерираа на Линдхаут дека има прекршок за пенал.

 

- Оглас -

Најнови вести