Конечно: Светот наскоро ќе дознае како изгледа Михаел Шумахер!

Први снимки од Формула 1 легендата Михаел Шумахер по инцидентот на 29 декември 2013 година, ќе бидат покажани наскоро, сензационално најавуваат медиумите во Германија.

Шуми со години е скриен од јавноста, постои голема мистерија, но семејството конечно се согласи тој да биде сниман и фотографиран од двајца режисери кои ќе направат документарен филм за Шумахер со акцент на неговиот живот после скијањето на Алпите, при кое тој ја удри главата во карпа и се здоби со повреди на мозокот.

Во филмот во кој ќе има снимки кои досега не се видени, учествуваат и сопругата на Михаел, Корина, ќерката Џина-Мари и синот Мик, и тие ќе раскажат за животот на семејството по инцидентот.

Засега не се знае точно кога ќе биде прикажан документарецот, продуцентите побараа уште малку трпение пред светот да види во каква состојба е седумкратниот шампион. Шумахер има 52 години, и според последните информации, тој е буден, дише самостојно, срцето му има добар ритам, веројатно може да седне, дури и да направи некој чекор со помош на други луѓе, но ништо повеќе од тоа.

Претседателот на ФИА, Жан Тод, кој го посетува Шумахер еднаш месечно, рече дека Михаел се бори, има врвна нега и дека ги следи настапите на неговиот син кој од следната сезона ќе вози во Формула 1.

- Оглас -

Најнови вести