Тотенхем конечно доби нов менаџер

Нуно Еспирито Санто официјално е нов менаџер на Тотенхем, потврди клубот од Северен Лондон. Неодамнешниот предводник на Вулверхемптон доби отказ по крајот на сезоната, а со Петлите потпиша договор до јуни 2023 година.

Управата на Тотенхем извесен период многу се мачеше да доведе наследник на Жозе Мурињо, но доби „корпа“ од неколку стратези, како Алегри, Фонсека, Гатузо, па на крајот конечно да успеа да го ангажира поранешниот Волк.

Најголем успех на Еспирито Санто, покрај враќањето на Вулвс во Премиер лигата, е пласманот до четвртфиналето на Лигата на Европа во сезоната 2019/20, а претходно работеше во Рио Аве, Валенсија и Порто.

- Оглас -

Најнови вести