Конечно традиционална спортска вест: ЦСКА договори центар за следната сезона

Центарот на Олимпијакос Никола Милутинов, од следната сезона ќе ги брани боите на ЦСКА Москва. Српскиот репрезентативец се согласи на тригодишна соработка со актуелниот европски првак и ќе заработува три милиони евра по сезона, односно вкупно девет милиони евра со што ќе биде меѓу најплатените кошаркари на Стариот Континент.

Милутинов наводно имал понуда и од Барселона, но најдобриот руски клуб понуди повеќе пари па логично е што ги одбра Армејците. Србинот во сезоната пред да се прекине беше меѓу поефикасните играчи во Евролигата со 10,3 поени и 8,2 скока по натпревар. Веќе има една европска титула во својата кариера која ја освои со Олимпијакос во 2016 година.

Во период кога пандемијата со Коронавирусот преовладува и во спортот, добро е да се истакне барем една традиционална спортска вест, а се надевам дека наскоро ќе се вратиме на секојдневното информирање околу спортските случувања.

 

- Оглас -

Најнови вести