Волкановски неприкосновен крал во перолесна категорија, го нокаутираше Родригес! (Видео)

Александар Волкановски потврди дека му нема рамен во перолесна категорија во ултимејт фајт, и со технички нокаут во третата рунда го совлада Јаир Родригес, за враќање на шампионскиот појас кој привремено беше кај Мексиканецот, бидејќи Австралиецот со македонско потекло се испроба во лесна категорија и не се бореше во својата перолесна.

Главната борбата на УФЦ 290 во Лас Вегас заврши во третата рунда кога Волкановски буквално го уништи противникот со серија удари.

Волкановски по петти пат си го одбрани шампионскиот појас, а после победата 34-годишниот „Александар Велики“ најави дека повторно сака да се бори во лесна категорија, посакувајќи реванш против Исмаил Махачев или борба со Илија Топурија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести