Консеисао откри зошто Милан има слаби резултати: Неколкумина фудбалери се дебели

Милан е во очајна низа од три порази во италијанската Серија А, а ако тука се додаде и елиминацијата од Лигата на шампионите од Феенорд, јасно е дека гигантот е во резултатска криза.

Тренерот Сержо Консеисао неколку пати потенцираше дека е незадоволен од залагањето на дел од фудбалерите, а сега јавно откри еден од проблемите кои ги детектирал. Дел од фудбалерите биле премногу дебели и затоа ќе мора да се направи специјален режим на исхрана, објавува „Ла Република“.

Неколкумина играчи се нашле на „тапет“ кај тренерот затоа што ја надминале и границата од 90 килограми. Еден од нив е и голманот Мајк Мињон. Според Консеисао, зголемениот број килограми на Мињон негативно влијае на агилноста и реакцијата на голманот.

Фудбалерите на Милан сега ќе бидат подложни на секојдневни мерења на килограмите, а посебно ќе се внимава и на тоа дали доволно време спијат за да обезбедат поголема продуктивност и оптимално закрепнување.

- Оглас -

Најнови вести