14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Конта ја декласира Стивенс, Велика Британија по 36 години дочека полуфиналистка на Ролан Гарос

Џоана Конта немаше милост кон ланската финалистка на Ролан Гарос, ја декласира Слоун Стивенс со 6:1, 6:4 и ќе игра во полуфиналето на престижниот гренд-слем турнир во Париз.

Таа е првата Британка во новиот милениум што ќе игра полуфинале на Ролан Гарос, а сега и фали само настап во истата фаза на САД Опен во Њујорк за да комплетира полуфиналиња на сите четири гренд-слем турнири.

Денеска потполно ја декласира седмата носителка Стивенс и лесно се пласира во завршницата во Париз. И има одлична шанса да игра и во првото гренд-слем финале во кариерата, бидејќи противничка ќе и биде победничката од дуелот меѓу нерангираната Вондрушова и 31-та носителка Мартиќ.

Последна шампионка од Велика Британија во Париз, на вториот гренд-слем во сезоната е Сју Баркер пред 43 години, а последна полуфиналистка е Џо Дјури во 1983 година.

 

- Оглас -

Најнови вести