Конте до крајот на месецов ќе стане тренер на Арсенал?

Италијанецот Антонио Конте наскоро може да стане тренер на Арсенал. Според англиските медиуми, Конте веќе ги договорил условите со управата на лондонските Топчии. Конте има работено во лондонски тим од Премиер лигата, од 2016 до 2018 година седеше на клупата на Челзи.

Но услов за Конте да го преземе Арсенал, е тимот да не ги добие наредните три меча од Премиер лигата. Ако Арсенал не успее да ги победи Норвич, Барнли или Тотенхем, тогаш со сигурност може да се каже дека Микел Артета ќе добие отказ и на негово место ќе дојде Конте. Но, од друга страна има и информации од релевантни извори дека ова не е точно и дека Конте нема никаков пред-договор.

По три кола, Арсенал е на дното на табелата, освен тоа што нема бод, нема ниту еден постигнат гол и ова е најлош старт на сезона за некогашниот првак во неговата богата клупска историја.

- Оглас -

Најнови вести