Конте го одби Њукасл, клубот ќе купи играчи од Барселона и ПСЖ!

Филипе Кутињо и Мауро Икарди треба да бидат првите ѕвезди кои во јануари ќе ги ангажира Њукасл, откако премиерлигашкиот клуб доби доби газди кои планираат да потрошат многу пари за засилување на играчкиот кадар.

Според медиумите во Италија и Англија, тренерот Антонио Конте одбил да ги преземе Чавките, па сега главен кандидат за наследник на Стив Брус се спомнува Пауло Фонсека кој до неодамна ја водеше Рома. Њукасл после седум кола во англискиот шампионат нема победа и деновите на Брус на клупата му се одбројани.

Што се однесува до играчките засилувања, во јануари на „Сент Џејмс парк“ може да дојдат Мауро Икарди од ПСЖ и Кутињо од Барселона. Овие две ѕвезди се во втор план во своите сегашни клубови, па би можеле да се преселат во Њукасл и да му помогнат да обезбеди опстанок.

Саудискиот принц Бин Салман може во јануари да потроши 230 милиони евра. Се очекува за три години, Њукасл да се вмеша во борба за титулата во Англија, и да биде учесник во Лигата на шампионите. На листата на желби им се голем број играчи како Модриќ, Кејн, Дембеле, Кејлор Навас, а останува да се види како ќе изгледа тимот во следниот период.

- Оглас -

Најнови вести