Конте: Интер може да победи само ако игра со брзина од 200 километри на час

Ремито на гостувањето кај слабиот Лече кој сезонава нема домашна победа, за Интер е голем неуспех, а тренерот Антонио Конте кажа дека проблем на Нераѕурите бил што не играле со „стиснат гас до даска“.

„Ние сме просечен тим кога не играме со 200 километри на час. Резултатот 1-1 не е лош само од аспект на трката за титулата и нашето место на табелата. Овој резултат покажува дека мора секогаш да играме со максимум од можностите ако сакаме победа. Не сме тим кој може да победи со половина од силите. Кога не даваме максимум, ние сме просечен тим“ – изјави Конте, кој призна дека Лече добро се бранел и со формацијата 5-3-2 не дозволил голема комбинаторика на Интер, но ги обвини и своите играчи што не реализирале некои шанси.

- Оглас -

Најнови вести