Конте не може да купува во јануари: Кажано ми е да заборавам на засилувања

Интер претходно денес ремизираше на гости кај Рома со 2-2, по што Антонио Конте најде оправдување во уморот кај играчите кои одиграа три натпревари во период од седум дена.

Меѓу другото, италијанскиот стратег проговори и околу трансфер-политиката на клубот, која всушност ја нема во зимскиот преоден рок. Интер не планира да троши средства овој месец, а Конте додаде дека не му се потребни засилувања иако екипата има свои недостатоци.

„Клубот ми ја објасни ситуацијата уште во август, посочено ми е да заборавам на засилувања. Го купивме Хакими неколку месеци порано како единствена наша активност на пазарот. Глаголот „сакам“ не постои оваа сезона. Не сакам нови играчи, работам со оние кои ми се на располагање. Секако дека има недостатоци, но исто така поседуваме доста квалитет“, истакна Конте по дербито против Римската волчица.

Нераѕурите по 17 кола во Серија А, се втори на табелата со 37 бода, три помалку од лидерот Милан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести