Звучи лудо – Конте отпиша четворица репрезентативци, им порача да си бараат нов клуб (Фото)

Антонио Конте го објави списокот на патници за Тотенхем кои ќе заминат на подготвителната турнеа во Јужна Америка и изненади многумина со изоставување на четворица репрезентативци на различни земји, кои останаа во Лондон.

Конте им порача на Хари Винкс, на Серхио Регуилон, на Џовани Ло Селсо и на Тангај Ндомбеле да си побараат нови клубови што поскоро, што значи дека нема да смета на нив во новата сезона.

На списокот со патници за Јужна Кореа го нема и новото засилување од Барселона, Клеман Ленгле, кој го засили Тотенхем и вчера беше претставен во клубот, а ќе игра како позајмен фудбалер.

За Ленгле беше доцна да се подготви неопходната документација за пат во Јужна Кореа.

Отпишаните четворица репрезентативци имаат вкупно 60 настапи за различни репрезентации.

Најмногу има Ло Селсо, 37 за Аргентина и тој ако најде клуб за новата сезона речиси сигурно ќе патува на Мундијалот во Катар.

Винкс играше десет пати за Англија, Ндомбеле 7 пати настапи за актуелниот светски првак Франција, а Регуилон одигра шест меча за Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести