Конте потврди дека е тренериште, постави рекорд во триумфот на новиот шампион Интер

Интер го одигра првиот меч по освојувањето на новата титула во Италија и Нераѕурите одиграа во шампионски стил. На „Џузепе Меаца“ е победена Сампдорија со 5:1, во меч од 35. коло на Серија А. Првото полувреме беше богато со погодоци, Интер поведе со 2:0, а Кеита погоди за Сампдорија. Да нема дилеми, Санчез со својот втор погодок доведе нова предност за Интер од два разлика (3:1).

Во вториот дел, шампионот продолжи да напаѓа и постинаа уште два гола за убедлива победа од 5:1. За тренерот Антонио Конте ова беше јубилеен 200-ти меч на клупата во еден меч од Серија А. Конте стигна до 136 победа, што е рекорден биланс и на ниту еден друг стратег не му успеало да се радува на толку средби во само 200 дуели.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести