Конте прифатил да замине од Интер, но клубот не може да си ја дозволи оставката

Антонио Конте наводно прифатил да отстапи од тренерската позиција во Интер под услов да му биде исплатена целосната сума од договорот кој му важи уште 18 месеци.

Сепак италијанските медиуми тврдат клубот не може да си ја дозволи оставката, па засега Конте ќе остане на клупата на „Нероаѕурите“.

Италијанскиот стратег е најплатен тренер во Серија А со 12,5 милиони евра годишна плата, а за да си замине од „Џузепе Меаца“ бара да му се исплатат преостантите 40 милиони евра кои треба да ги заработи до крајот на договорот.

Причината што двете страни се согласија да ја прекинат соработката е добро позната, Интер две години по ред не успева да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите, што е примарна цел на раководството на италијанскиот гигант.

 

- Оглас -

Најнови вести