Конте сака трофеј: Одиме до крај

Интер по една деценија пауза, ќе игра во полуфинале на европско натпреварување откако пласманот го обезбеди со победата од 2-1 над Баер Леверкузен. Тренерот Антонио Конте е особено задоволен од остварувањето, меѓутоа сака да оди до самиот крај и да го освои пехарот во Лигата на Европа, што би бил негов прв на меѓународната сцена.

„Одигравме добра партија, задоволен сум од она што мојата екипа го покажа на теренот. Се подготвивме на вистински начин, сè што работевме на тренинг го пресликавме на теренот. Не му дозволивме на противникот да ја контролира играта и да ја држи топката. Можевме да постигнеме повеќе од два гола, односно порано да го „убиеме“ мечот. Среќен сум што се пласиравме во полуфиналето, одиме до крај да го освоиме ова натпреварување“, истакна Конте.

Последен пат кога Интер се најде во топ-4 фазата во европско натпреварување беше сезоната 2009/10, кога всушност стигна до титулата во Лигата на шампионите.

Нераѕурите вечерва ќе го дознаат противникот, ќе играат против подобриот од средбата Шахтар – Базел.

- Оглас -

Најнови вести