Конте си најде ангажман, му се придружува на силен тим со големи имиња

Италијанскиот фудбалски стручњак Антонио Конте си најде нова работа. Откако се раздели со Интер, со којшто освои Скудето во Серија А, Конте беше невработен и додека не најде нов клуб со којшто ќе го работи тоа што најдобро го знае, реши да ја прифати понудата да биде аналитичар на Скај спорт Италија за мечевите од Лигата на шампионите и квалификациите за СП 2022.

Екстренерот на Јувентус, Челзи и Интер тргна по стапките на други фудбалски великани, како Џузепе Бергоми, Естебан Камбијасо, Фабио Капело, Алесандро Костакурта, Алесандро дел Пјеро, Паоло ди Канио, Лука Маркеџани и други, кои исто така се појавуваат во истото студио како аналитичари.

- Оглас -

Најнови вести