Конте со емотивна порака се прости од Интер: Каква авантура!

По нецела недела откако Интер ја освои титулата во Серија А, настана хаос во просториите на новиот италијански првак, по што раководството одлучи да ја прекине соработката со Антонио Конте.

Човекот кој беше најзаслужен за составување на шампионскиот тим повеќе нема да ја биде на кормилото, а со емотивна порака преку „Инстаграм“ се прости од интеристите.

„Каква двегодишна авантура! Секој ден напреднувавме во нашата сила, одлучност, волја и жртва да го достигнеме тоа што го направивме сезонава. Без опправдувања, без алиби, само напорна работа комбинирана со почит и образување. Го вративме Скудетото во Интер по 11 години, но пред сè, го вративме клубот каде што му е местото. Благодарам на сите кои работеа да ја оствариме таа цел. Благодарност до фудбалерите, стручниот штаб, претседателот и сите останати кои беа вклучени во проектот во изминативе две години. До навивачите, во време кога пандемијата нè натера да преживуваме на тежок начин, сакам да знаат дека нивната поддршка секогаш беше со нас“, напиша Конте.

Во наредниот период Интер ќе треба да доведе адекватна замена за тројфениот менаџер, а воедно ќе има тешка задача да ги задржи најголемите ѕвезди во екипата кои се лути поради заминувањето на Конте.

- Оглас -

Најнови вести