Конте суспендиран на два меча, но ќе командува во дербито на Милано

Антонио Конте, тренерот на Интер, е суспендиран на два натпревари и парично казнет со 20.000 евра за непрофесионалното однесување во натпреварот против Удинезе.

Предводникот на Нераѕурите комплетно ги загуби нервите, по што беше исклучен од натпреварот, но навредите кон главниот судија продолжија и по мечот.

Така Интер во наредните два лигашки дуели против Беневенто и Фиорентина ќе биде без кормиларот, но Конте вечерва ќе командува во дербито на Милано, кое се игра во рамките на четвртфиналната фаза во Купот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести