Коорганизаторот се поправи, не се 50.000 гледачи на трибините, но сепак е поставен нов рекорд на Светските првенства

Кошаркарските репрезентации на Филипини и Доминиканска Република испишаа историја на Светските првенства играјќи пред најголем број на гледачи.

Иако неколку часа пред почетокот на мечот, коорганизаторот СП објави дека се продадени 45.000 влезници за мечот кој се играше во Арената „Филипино“ во Манила, на крајот дуелот против Доминиканската Република го следеа 38.115 гледачи, со што е соборен рекордот од СП 1994.

Пред 29 години, дуелот меѓу САД и Русија го следеа 32.616 гледачи.

На историскиот возбудлив натпревар славеше Доминиканска Република со 87:81. Најдобар кај победничката селекција беше НБА-ѕвездата Карл-Ентони Таунс со 26 постигнати поени, додека кај Филипини блескаше Џордан Кларксон со 28 поени.

Германија предводена од Мориц Вагнер кој даде 25 поени, релативно лесно со 81:63 го победи коорганизаторот на СП, Јапонија.

Уште еден фаворит дојде до лесна и убедлива победа, Литванија со 93:67 го совлада Египет.

- Оглас -

Најнови вести