Копа е наместена во полза на Бразил? Пенал и црвен картон против Кариоките во финалето

Судијата Роберто Тобар од Чиле со досуден пенал против Бразил и исклучување на Габриел Жезус кој имаше гол и асистенција во финалето, покажа дека не е вистина дека првенството е „наместено“ и арбитрите добиле наредба да ја туркаат домашната репрезентација да ја освои Копа Америка, како што обвинуваше Лионел Меси.

Додуша во финишот Тобар покажа на белата точка и во полза на Бразил, но пеналот не беше подарен, туку чист, а судијата за секој случај прегледуваше и снимка.

Меси п поразот на Аргентина од Бразил ги нападна судиите и КОНМЕБОЛ, не сакаше да го земе бронзениот медал на „наместено првенство“, но доколку навистина судиите го фаворизираа Бразил, вечерва немаше да има пенал против нив, ниту исклучување кое го расплака Жезус и им даде шанса на Перуанците со човек повеќе да се борат за нерешен резултат.

- Оглас -

Најнови вести