Копа Либертадорес и Судамерикана се враќаат на програмата во септември

Копа Ливертадорес и Судамерикана ќе продолжат со натпреварување од 15 септември, откако КОНМЕБОЛ го одобри протоколот според кој ќе се водат меѓународните шампионато во Јужна Америка.

Како сите останати првенства, така и овие две беа прекинати во средината од март во екот на пандемијата со корона-вирусот, па по седум месеци повторно ќе се вратат на програмата.

Натпреварувањето во Копа Либертадорес беше прекинато по две кола во групната фаза, додека Судамерикана почна со нокаут фазата пред прекинот.

- Оглас -

Најнови вести