Кариока шоу – Копа Либертадорес во издание какво што немало досега

Бразилците доминираат во Копа Либертадорес и сигурно ќе имаат три клуба во полуфиналето, а можно е тоа комплетно да биде бразилско, ако Флуминенсе ја елиминира еквадорската Барселона.

Во четврфиналното дерби на јужноамериканската Лига на шампиони, Атлетико Минеиро со уште една победа го елиминира аргентинскиот гигант Ривер плејт. Ноќеска во Бело Хоризонте со два гола на Зарачо и еден на Хулк бразилскиот клуб славеше со 3:0 и со вкупен резултат од 4:0 се пласира во полуфиналето.

Противник на шампионот од 2013 година ќе му биде актуелниот првак на Јужна Америка, Палмеирас, екипа што во бразилското четвртфинале го разоружа Сао Пауло со вкупен резултат од 4:1.

Најубедлив во оваа фаза беше прекланскиот освојувач на круната, Фламенго, кој ја декласира Олимпија од Парагвај со победа од 5:1 во реваншот, откако славеше убедливо и на првиот меч со 4:1.

Габриел Барбоса постигна два гола, Енрике и Арао по еднаш ја погодија мрежата на тимот од Асуснсион, а автогол си постигна Салседо. Единствениот гол во реваншот ноќеска на стадионот во Бразилија за Олимпија го постигна Рекалде.

За да има комплетно бразилско полуфинале, треба да се погрижи Флуминенсе против Барселона во Гвајакил во реванш-мечот од последното четвртфинале.

Барселона има одличен резултат 2:2 од првиот меч и е домаќин на реваншот што ќе се игра ноќеска од 2.30 часот.

Откако е воведен системот со нокаут-фаза во Копа Либертадорес, никогаш три клуба од иста земја не играле во полуфиналето, а ако Флуминенсе биде подобар од Барселона, тоа би бил апсолутен рекорд.

Финалето ќе се игра на „Сентенарио“ во Монтевидео, Уругвај, на 27 ноември.

https://twitter.com/LibertadoresBR/status/1420018338340671497?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести