Ќе се продаваат копачките со кои беше спречена радоста на Роналдо во Белград

Стефан Митровиќ беше херој на Србија во дуелот против Португалија откако капитенот успеа да спаси гол по шутот на Кристијано Роналдо во 93-тата минута, па мечот во Белград на крајот заврши 2:2. Кристијано Роналдо гневен затоа што судиите не видоа дека топката ја помина гол-линијата, во бес ја фрли капитенската лента, која подоцна беше дадена на аукција во акцијата за спас на шестмесечното бебе Гаврил.

Капитенската лента беше продадена за 64.000 евра, кои ќе одат како донација за лекување на бебенцето кое има спинална мускулна атрофија. Во акцијата за спас на бебето Гаврил сега се вклучува и Митровиќ. Дефанзивецот реши да ги даде на аукција копачките кои ги носеше на дуелот против Португалија, со кои всушност успеа да ја спаси Србија од пораз.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести