Копија на легендарниот волеј на Ван Бастен во романскиот плејаут (Видео)

Михаи Роман постигна прекрасен гол за Ботосани во меч од плејаут лигата во Романија против Динамо Букурешт, а погодокот е вистинска реплика на легендарниот удар на Марко Ван Бастен од финалето на ЕП во 1988 година.

Роман од прва со прекрасен волеј откосо ја затресе мрежата на тимот од Букурешт, а Ботосани со тој гол победи со 1:0.

Погодокот на играчот на Ботосани можете да го погледнете ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести