Кореа е среќата на Атлетико, Јорганџиите успешно тргнаа во одбрана на титулата

Атлетико Мадрид со победа од 2-1 на гостувањето кај Селта во Виго, ја почна одбраната на титулата во шпанската лига. Двоен стрелец за Јорганџиите беше Анхел Кореа, кој по вторпат во кариерата дава два гола на еден меч во дресот на Атлетико.

Атлетико уште од 2009 година наваму не знае за пораз во прво коло од Ла Лига. Атлетико не знае за пораз во лигашки меч кога Кореа дава гол.

Јан Облак стана рекордер во клупската историја на Атлетико, како голман со најмногу настапи за тимот. Словенецот по 304-ти пат го бранеше голот на Атлетико. Голот за Селта го даде Јаго Аспас од пенал. Аспас има серија од девет реализирани удари од белата точка, откако утна два од претходните четири.

- Оглас -

Најнови вести